Тренерот на Лион, Бруно Женесио, го дочека „на пенал“ Мемфис Депај, отворено во јавноста откривајќи зошто холандскиот ас во последно време се почесто е резерва во оваа екипа. Депај беше резерва на дуелот со Анжер, а по влегувањето во игра со гол и асистенција му донесе триумф на својот тим, по што се пожали на третманот што го има во екипата.
„Цело време слушам како правам разлика на теренот, но потоа на следниот натпревар повторно сум резерва. Го почитувам изборот на тренерот, но исто така и сум разочаран, заслужувам поголема почит“ – изјави Депај за француските медиуми.
Женесио како едвај да чекаше ваков испад на својот фудбалер за во јавноста да открие дел од „професионалните манири“ на Депај.
„Сакам да му се извинам на Мемфис. Извини за сите твои доцнења, како она минатото лето (Депај задоцни една седмица на подготовките). Извини за целата гардероба што ја носиш, а која нема клупски обележја. Исто така, извини за твоето загревање во Анжер (цело време седеше на топката додека соиграчите се загреваа“ – истакна тренерот на Лион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА