Депај се враќа на „Островот“ за да биде клучна фигура?

Мемфис Депај влезе во последната година од договорот со Барселона, а се помала е веројатноста дека ќе ја продолжи кариерата во дресот на каталонците. Холанѓанецот пристигна на „Камп Ноу“ во ерата на Роналд Куман, а по доаѓањето на Чави неговата минутажа драстично се намали.

За негов ангажман се заинтересирани великаните на европскиот фудбал, но само Арсенал во него гледа како клучна фигура. „Топџиите“ со заминувањето на Обамејанг, токму во Барселона се осолободија од голем финансиски товар, а по пропаѓањето на ангажманот на Влаховиќ погледите ќе бидат насочени кон поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед.

Депај кариерата ја започна во ПСВ, а по фантастичниот настап за холандскиот тим во сезоната 2014/15 кога постигна 22 гола на 30 натпревари следеше трансфер во Манчестер Јунајтед. По неуспешната епоха во редовите на „црвените ѓаволи“ замина во Лион го врати претпознатливот сјај, но повторно мака мачи во Барселона.

Се вчитува...