ДЕРБИ: Фелипе царуваше, Тетовче од трибини диригираше, Мрме „снимаше“, Баже промашуваше…(ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар сосема заслужено ја доби дерби пресметката од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига против Работнички.

На дуелот на „Филип Втори“, Вардар од терен го водеше помошникот Раденко Бојовиќ поради едномесечната суспензија за Александар Васоски кој „диригираше“ од трибините. „Комити“ навиваа од „спроти Јужна“ а на нашиот најголем стадион „снимаше“ и селекторот Игор Ангеловски кој го следеше дуелот на кој повторно од вардаровиот состав се издвои Бразилецот Хуан Фелипе. Вардар победи со 2-0, но резултатот можеби и ќе беше поинаков ако Работнички искористеше дел од своите шанси преку Гофри и капитенот Баже Илијоски… На крај, сето денешно случување на „Филип Втори“ резултираше со оставката на стратегот на „романтичарите“, Жикица Тасевски.

 

Се вчитува...