Дерби го расипа јубилејот на Алиоски

Езгијан Алиоски нема по добро да го памети јубилејниот стоти натпревар во дресот на Лидс откако неговиот тим одигра само 1-1 на домашен терен против Дерби.

Алиоски и соиграчите имаат за што да жалат бидејќи во поголемиот дел имаа апсолутна доминација, при резултат 1-0 најпрвин го погодија дирекот, а потоа и не реализираа пенал преку Клих. Казната стигна во 90. минута, кога Дерби со својот прв удар во рамките на голот на Кико Касилја стигна до израмнување.

Сега Лидс има само еден бод повеќе во однос на Свонси на табелата од Чемпионшип-дивизијата, со тоа што Свонси во 16 часот го игра својот натпревар против Бристол Сити.

Се вчитува...