Дерби-мајстор: Јанески го растури МЗТ среде Аеродром

Работнички настапи ослабен на денешното дерби поради неиграњето на Чековски, но Марјан Јанески беше „џокерот“ на Докузовски кој се погрижи отсуството на ветеранот воопшто да не се почувствува, играјќи го својот најдобар меч во дресот на „центарци“ по трансферот од Куманово.

Јанески на самиот почеток доби две лични грешки, но тоа беше само мотив повеќе за одлична игра во продолжението.

Бројките говорат доволно, 30 постигнати поени со шест тројки без ниту едно промашување (5/9  за два, 2/4 за еден поен), надополнети со пет скока и една асистенција го прават Јанески дерби-мајстор на денешната пресметка.

Се вчитува...