Дербито во 8. коло од Првата македонска фудбалска лига денеска од 15 часот на стадионот „Кукуш“ во Турново каде Академија Пандев ја пречекува Шкендија.
Мегдан на двете екипи кои ќе мора да лечат рани по поразите во претходното коло, „пандевци“ од Ренова а Шкендија од Победа. Па, токму затоа и во двата табори сега се надеваат на игра која ќе ги донесе до трите бода.
Во составот на Шкендија, стратегот Ќатип Османи за првпат ќе го има на располагање и офанзивецот Самир Фазли кој конечно доби „зелено светло“ од ФИФА за регистрација во таборот на тетовци по спорот кој претходно го имаше со хрватски Рудеш.
Од останатите дуели сигурно интересно ќе биде и во Кратово. Силекс конечно посакува триумф против Македонија ЃП која, пак, „осоколена“ по претходната убедлива против Работнички патува на ова гостување.
ПРВА ЛИГА – 8. КОЛО (денеска, 15 ч.)
Штип: ПОБЕДА – ВАРДАР
Скопје: РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА
Турново: АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА
Тетово: РЕНОВА – ШКУПИ
Кратово: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА