Дерби-пораз на „лавовите“ на Талески, нова титула му се смешка на Фленсбург

Ракометарите на Фленсбург се на чекор до нова титула во Бундес-лигата по денешниот значаен триумф на гостински терен против Рајн-Некар Левен од 23-26. Тимот на Филип Талески игра многу променливо во последно време, а големите осцилации им се удрија од глава на „лавовите“ на денешниот дерби-дуел на кој претрпеа заслужен пораз.

Фленсбург беше подобар во првото полувреме, по негативата од 7-5 постигна пет гола во серија и на одмор замина со предност од 8-12. Домаќините се разбудија во вториот дел, стигнаа до израмнување од 20-20, но немаа сили за целосен пресврт. Во самиот финиш повторно блесна голманот Буриќ, кој беше херој на Фленсбург во овој голем триумф.

Согард со пет и Готфридсон со четири гола беа најефикасни кај победничкиот тим, додека најдобри поединци кај Рајн-Некар Левен беа Колбахер и Шмид со по пет погодоци.

Се вчитува...