Дерби Шкендија – Вардар на стартот од новата сезона

Новата фудбалска сезона ќе почне со дерби пресметка меѓу ланскиот и актуелниот првак на Македонија, па веќе во првото коло на 12 август силите ќе ги одмерат Шкендија и Вардар. Денеска во просториите на ФФМ беа извлечени двојките за новата натпреварувачка сезона, при што ждребот сакаше скопските и тетовските „црвено-црни“ да се сретнат уште на самиот стартот од сезоната, натпревар што ќе се игра на градскиот стадион во Тетово.

Шкендија лани со огромна предност во однос на ривалите стигна до титулата, а Вардар во меѓувреме дополнително ослабе, со заминување на дел од клучните играчи и неангажирање на адекватни засилувања. Овој дуел ќе се игра меѓу двете средби што Шкендија ќе ги игра во квалификациите за ЛШ против Салцбург, па не се исклучува можноста тренерот Османи да одмори дел од стандардните првотимци, особено доколку тетовци имаат активен резултат по првиот меч.

Во останатите натпревари од првото коло во македонското првенство ќе се сретнат Работнички – Ренова, Победа – Беласица, Академија Пандев – Македонија ЃП и Силекс – Шкупи.

Се вчитува...