Дерби во Битола: Вардар и Пелистер во битка за важни бодови!

Македонскиот шампион Вардар од 15:30 часот во рамките на 7. коло од ПМФЛ го очекува дерби пресметката со еден од своите традиционално најголеми ривали во домашниот шампионат, битолски Пелистер.

Двата тима под „Тумбе кафе“ во Битола по 69-ти пат ќе се соочат на официјален дуел во историјата, овој пат во натпревар и тоа како значаен за двата состави во желбата за враќање на вистинскиот ритам по двата претходни неубедливи натпревари во првенството.

Вардар без сомнение ја носи фаворитската улога, покрај другото погледнувајќи ја и традицијата од претходните средби. На последните шест гостувања во Битола, „црвено-црните“ во првенствените пресметки имаат пет победи и еден нерешен резултат. Последен пат Вардар загубил (1-0) на „Тумбе Кафе“ во 2011 година. Минатата година двата натпревари во Битола завршија со победа на Вардар. Најпрво со 0-1, а потоа и со 2-3. Интересно е тоа што на двата меча во листата на стрелците се запиша Хуан Фелипе. Фелипе погоди на „Тумбе кафе“ и во дуелот со Победа.

Од 68 досега одиграни натпревари меѓу Вардар и Пелистер, 39 победи има Вардар, 13 тимот на Пелистер, а 16 дуели завршиле нерешено. Вардар постигнал 110 голови, додека Пелистер е на бројката од 68 погодоци против „црвено-црните“.

ПРВА ЛИГА – 7. КОЛО (денеска, 15:30 ч.)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

Битола: ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР

Кратово: СИЛЕКС – ПОБЕДА

Скопје: СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА

ВЧЕРА

Тетово: РЕНОВА – ШКУПИ 0-0

Се вчитува...