Дерби за победа на „кризата“ во Манчестер – Јунајтед и Сити на мегдан!

Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ќе се сретнат во 18:30 часот во натпреварот од 12-то коло во Премиер лигата.

Ова ќе биде 183-то дерби по ред во Манчестер, a нивната прва средба беше во 1881 година.

Јунајтед има еден бод повеќе од својот градски ривал. „Црвените ѓаволи“ се во серија од четири победи во Премиер лигата, додека „граѓаните“ имаат две во низа.

Сепак, Манчестер Јунајтед влегува во овој натпревар по поразот од Лајпциг и испаѓањето од Лигата на шампионите, што не се очекуваше по победата над ПСЖ во Париз и триумфот над Лајпциг во Германија. Јунајтед продолжува да се натпреварува во Лигата на Европа и тоа е веќе голем неуспех за славниот клуб од „Олд Трафорд“.

Оле Гунар Солскјер е под голем притисок и ова е натпревар во кој има шанса да излезе од големата криза, но и да го подобри расположението на веќе разочараните фанови. Денес тој ќе биде без Единсон Кавани и Ентони Марсијал, а тука се наоѓа и Фил Џонсон, кој веќе подолго време е на списокот на повредени.

Гвардиола пак, нема да може да смета на Ерик Гарсија и Илкај Гиндоан.

Дерби натпреварот во Манчестер стартува денес, а почетокот е закажан од 18.30 часот.

Се вчитува...