Манчестер Сити го доби најважниот натпревар сезоната во Премиерлигата, пресметката за титула со Арсенал и така сега му се доближи на три бода, со натпревар помалку. Мечот мина во одлична игра и многу борба на двете страни, на крајот одлучи голот на Ерлинг Халанд во вториот дел кој ја донесе победата.
Први се заканија фудбалерите на Сити кои во 4. минута ја погодија стативата преку Шерки.
Сепак, во 16. минута предност за домаќините. Шерки убаво ја „измрда“ одбраната на гостите, и успеа да погоди во мрежата на Раја.
Само две минути подоцна огромен кикс на Донарума. Во обид да ја избие топката, беше блокиран од Хаверц и резултатот е израмнет.
Во вториот дел шансите се редеа. Најпрво во 49. минута Халанд ја погоди стативата. Во 60. минута Арсенал преку Хаверц имаше одлична можност, одбрани Донарума. Во 62. минута Езе ја погоди стативата од голот на Донарума, а потоа на другата страна казна.
Халанд доби една топка од десната страна, и го совлада Раја за гол и триумф на Сити.
Неверојатно е што промаши Хаверц во последните мигови од средбата. По една нафрлена топка беше сам пред голот на Сити, но наместо во мрежата, неговиот обид заврши над пречката и така пропадна последната голема можност за Арсенал да се спаси од пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
