Дервишевиќ: Ќе дадеме се од себе да стигнеме до првиот прволигашки триумф

Во првиот натпревар од сезоната 2021/22 силите ќе си ги одмерат новлијата Феникс 2010 и Академија ФМП со почеток од 14 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Феникс 2010 е добро познат клуб во македонската кошарка со големи успеси зад себе во младинските конкуреции, а тимот денеска ќе дебитира во „елитата“ на македонската кошарка. Во пресрет на натпреварот тренерот Денис Дервишевиќ верува во својот тим за кој вели дека ќе даде се од себе да стигне до премиерната победа.

„Со нетрпение го очекуваме почетокот на новата сезона која за нас ќе биде и деби на прволигашката сцена. Во однос на дуелот со ФМП очекувам интесен и неизвесен натпревар во кој ќе одлучуваат детали. Се уште не сме во посакуваната форма, но мотивирани сме а предизвикот кој е пред нас и ќе дадеме се од себе за веќе во првиот меч да стигнеме и до првата победа во ‘елитата’“, изјави тренерот Денис Дервишевиќ.

Се вчитува...