Дервишевиќ: Никогаш не се откажувајте!

Феникс 2010 стигна до втората победа во Првата лига откако на домашен терен славеше во дуелот на новајлиите против Ангели со 83-80 по продолжение. Триумфот за „виолетово-жолтите“ е од големо значење за исполнување на амбициите – опстанок во „елитата“, но победата е уште послатка доколку се земе во предвид тоа дека домаќините имаа негатива од пет поени на 14 секунди пред крајот на мечот.

По натпреварот тренерот на Феникс 2010, Денис Дервишевиќ не го криеше задоволството од победата поготово доколку се земе во обѕир дека неговиот тим одигра во грч, но не се предаде и кога беше најтешко па направи чудо.

„Не одигравме најдобро што можеме. Бевме далеку од посакуваното ниво, имавме многу грешки во нападот, но кошарката е таква игра која се игра 40. минути и не смеете да се предадете во ниеден случај па и да сте во невозможна позиција во каква што се најдовме денеска. Немам што да им замерам на моите момци. Одиграа борбено за секоја топка, изгинаа во одбранта, а на крајот стигна и наградата. Едноставно никогаш не се откажувајте“, изјави за ЕКИПА, Дервишевиќ.

Се вчитува...