ДЕСЕТ ФАКТИ ЗА АНАЛИТЕ НА МАК-КОШАРКАТА: Семејството Стојановски со 21 трофеј, Веселиновски се уште неприкосновен, Атанасов најмлад тренер со титула во историјата!

Завршувањето на серијата од финалето на плејофот, по МЗТ Скопје дојде до десеттата своја титула, со себе донесе и интересни факти кои засекогаш ќе останат запишани во историјата.

Ги издвојуваме десетте индивидуалните постигнувања на дел од актерите на финалната серија меѓу МЗТ Скопје и Пелистер кои мора да се потенцираат по крајот на сезоната во мак-кошарката.

  • Актуелниот предводник, во улога на капитен на МЗТ Скопје Аеродром, Дамјан Стојановски го освои осмиот шампионски пехар во својата кариера…
  • Со осмиот трофеј, Дамјан се израмни на шестото место на листата на најтрофејни кошаркари во историјата на македонското првенство заедно со Тони Симиќ..
  • Војдан Стојановски го освои само третиот шампионски трофеј, но мора да се земе в предвид дека долги години не играше во домашниот шампионат.

  • Ова е втора МВП награда за македонскиот репрезентативец во домашното првенство. Првата, Војдан Стојановски ја доби во 2011 година, како играч на тогашниот Фени Инудстри кога во финалето го победи Работнички со (4-1).
  • Семејството Стојановски (Огнен, Дамјан и Војдан) сега има вкупно 21 шампионски трофеј од македонското првенство…

  • Горан Веселиновски, долгогодишниот капитен на Работнички, останува прв на листата на играчи со најмногу освоени титули државен првак со еден клуб во кариерата. Има девет, односно еден повеќе трофеј од Дамјан Стојановски. Сите освоени во периодот од 1998 до 2009 година…
  • Со петиот шампионски трофеј, Бојан Крстевски се искачи неколку места на табелата на најуспешни во македонското првенство. Се израмни со легендарните играчи како Ѓорѓе Војновиќ, Емил Рајковиќ, Тодор Гечевски…

  • Васко Атанасов е најмладиот тренер во историјата на македонското првенство кој освоил шампионска титула. Струмичанецот дојде до титулата со 29 години и два месеци. Или нешто повеќе од половина година го собори досегашниот рекорд што го држеше Емил Рајковиќ (29 години и 9 месеци) кој во 2008 година триумфираше со тогашниот Фени Индустри…
  • МЗТ Скопје е втор клуб во историјата на македонското првенство со двоцифрен број шампионски титули. Го освоија десеттиот трофеј и се доближија до својот најголем ривал, Работнички кој во досегашните 30 сезони (во 2020 година не беше прогласен шампион поради корона пандемијата) стигна до 15 титули…

  • Ниту во вториот едноподруго обид, кошаркарите на Пелистер не успеаа да ја освојат својата прва шампионска титула во историјата. По втор пат МЗТ Скопје бепе подобар од „пелистерци“, овојпат без загубен поен во серијата…

Се вчитува...