Десет кандидати за организација на ЛОИ 2036

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), соопшти дека преговара дури со 10 потенцијални кандидати за домаќинство на Летните олимписки игри во 2036 година.

Меѓу другите, Египет, Англија, Индија, Индонезија и Катар официјално го изразија својот интерес за организација на ЛОИ во 2036 година, но списокот на сите се уште не е познат.

„Преговараме со 10 заинтересирани национални олимписки комитети од четири континенти“, рече генералниот директор на МОК Кристоф де Капер на состанокот на Асоцијацијата на национални олимписки комитети во Сеул, Јужна Кореја.

Домаќинот на ОИ се доделува во таен процес што го водат претставници на ИОК за да се избегне скапа јавна кампања и гласање што претходно беше оспорено од повеќе кандидати.

Се вчитува...