Десет по ред…дебакл за МЗТ и во Задар

Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром го доживеа и десеттиот последователен пораз во АБА. На гостувањето против Задар не покажаа ништо ново, повторувајќи го лузерскиот карактер (105-80).

Целата приказна заврши во првата четвртина која МЗТ Скопје ја загуби со 32-14. Потоа се беше само рутина за кошаркарите на домашниот тим.

Најефикасен во составот на МЗТ Скопје беше Јордан Минчев со 17 поени, пред Мавра и Лалиќ со 16 поени. Убедливо најдобар поединец беше Американецот Џошуа Бостик кој постигна 38 поени.

Се вчитува...