Баерн Минхен се зацврсти на првото место во Бундес-лигата откако баварскиот гигант вечерва рутински славеше над Трир со убедливи 80-104, покажувајќи зошто токму тимот на нашиот Ненад Димитријевиќ е главен фаворит за титулата во германскиот шампионат.
По елиминацијата од Евролигата сега целокупниот фокус на баварците е насочен кон домашната титула, нешто што би ги зголемило и шансите Димитријевиќ да остане во Минхен по завршувањето на сезонава (моментно настапува како позајмен играч од Зенит).
Разликата во квалитет беше причината поради која тренерот Пешиќ го користеше Македонецот само 18 минути на денешниот дуел. Нено одлично се снајде во овој период, реализирајќи 10 поени (сите во првото полувреме), надополнети со шест асистенции и една блокада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
