„Десетка“ на Димитријевиќ во Русија

Ненад Димитријевиќ и Хувентуд претрпеа убедлив пораз од 86-74 во четвртото коло од Еврокупот, на гостински терен против Уникс Казан. По двете домашни победи, шпанскиот клуб немаше сили за изненадување против поранешниот евролигаш, кој во раната фаза од мечот ја презеде контролата, одржувајќи двоцифрена предност до самиот крај.

Македонскиот плејмејкер повторно добро ја искористи укажаната минутажа, реализирајќи 10 поени, четири асистенции, еден скок и една украдена топка за 14 минути игра.

Хувентуд по четири рунди има скор од две победи и две реми, а тимот на Димитријевиќ во следното коло од Еврокупот ќе ја пречека Цедевита Олимпија.

Се вчитува...