„Десетката“ на Меси во Барселона доби нов сопственик (ВИДЕО)

Лионел Меси е веќе минато во Барселона. Десетката која одличниот Аргентинец ја носеше минатите години на „Камп ноу“ денеска доби нов сопственик. Уште едно дете кое потекнува од школата на „Ла масија“ ја доби можеби најтешката задача на светов, а тоа е да го наследи бројот на еден од најголемите на сите времиња.

Ансу Фати ќе биде новиот носител на магичниот број кој во минатото го носеле најголемите фудбалери на сите времиња.

 

 

Се вчитува...