Десетти гол за Ердон Даци сезонава за Вестерло

Македонскиот репрезентативец Ердон Даци запиша нов погодок во дресот на белгиски Вестерло, овој пат во победата на својот тим од 2-6 на гостувањето против Мускрон во 27. коло од шампионатот во Втората белгиска лига.

Даци беше стрелец на четвртиот гол за својот тим во 57. минута. Ова е десетти гол сезонава за македонскиот напаѓач во дресот на Вестерло.

Вестерло веќе обезбеди пласман од следната сезона во најсилната белгиска лига.

Се вчитува...