Десетто финале за Ѓоковиќ во Рим, Халеп финалистка кај дамите

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на турнирот во Рим, откако со 2-0 во сетови го совлада Норвежанецот Каспер Руд. Тоа ќе биде десетто финале во кариерата за Ѓоковиќ во Рим.

Каспер Руд прв дојде до брејк на овој меч, но Ѓоковиќ успеа да израмни на 5-5 во гемови, а потоа и да го комплетира сетот со 7-5. Во вториот не му дозволи на противникот да го одземе неговиот сервис и рутински го доби со 6-3. Во второто полуфинале во машка конкуренција се среќаваат Денис Шаповалов и Диего Шварцман.

Кај дамите, прва финалистка е Симона Халеп, која со 2-1 во сетови ја победи Гарбине Мугуруза. За место во финалето ќе се борат и Маркета Вондрусова и Каролина Плишкова.

Се вчитува...