Дешамп на клупата на Франција до 2023 година

Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешамп го договори продолжувањето на соработката и ќе остане на клупата на „галските петли“ до 2023 година. Актуелниот договор му истекува следното лето, а желба на раководството на Француската фудбалска федерација е искусниот стратег да ја одбрани титулата на Светското првенство која ја освои во Русија минатата година.

Дешам на клупата на „триколорите“ е од 2012 година, во која покрај титулата на Светското првенство, играше финале на ЕВРО шампионатот 2016 каде на домашен терен загуби од Португалија.

Се вчитува...