Дешамп со пофалби до Бензема: Таков напаѓач ни треба за да остваруваме големи победи

Во неделата, фудбалската репрезентација на Франција стигна до својот прв трофеј во Лигата на нации со победата над Шпанија од 2-1, а по возбудливиот натпревар, селекторот на светскиот шампион, Дидие Дешамп, им честиташе на играчите, особено упатувајќи пофалби до Карим Бензема.

Франција дојде до победата со головите на Карим Бензема и Килијан Мбапе во второто полувреме.

„Многу сум горд и задоволен од играчите. Заостанувавме и во полуфиналето и во финалето, но денес брзо израмнивме. Имаме не само талент во овој тим, туку и карактер и вистински менталитет. Карим е еден од нашите клучни играчи и беше одличен во последните два натпревари. Тој има силна желба за победа и ја пренесува на другите играчи. Таков напаѓач ни треба за да остваруваме големи победи…“, изјави поранешниот тренер на Монако, Јувентус и Марсеј.

Се вчитува...