Дешамп за караницата со Бензема: Вистината е само една, можам да ви покажам пораки…

Во 2022 година, Карим Бензема беше прогласен за најдобар фудбалер на светот, во кое Франција играше финале на Мундијалот во Катар, и го загуби од Аргентина на пенали. Бензема не беше дел од таа екипа. Причината е одлуката на селекторот Дидие Дешамп.

Бензема пред СП поради повреда отпадна од списокот, но се опорави до нокаут фазата, меѓутоа и покрај тоа Дешамп се одлучи да не го повика во Катар. Следуваше караница меѓу нив двајца, и откажување на Бензема од репрезентацијата засекогаш. Дешамп повторно ја коментираше таа тема.

„Секоја ситуација може да има неколку верзии, но вистината е само една. Веќе кажав што се случи, и така се случи. Ви требаат повеќе детали? Можам да ви ги покажам пораките. Сепак, мислам дека нема никаква корист. Немам причина да измислувам, а одлуките ги носам од спортски интерес. Сакам детално да кажам што се случи, но не сум сигурен дали сега е време за повторно потсетување на она кое се случи во Доха во текот на Светското првенство“, коментираше Дешамп.

Се вчитува...