Деспотовски: Ние сме НЕНОРМАЛНИ….

ЕКИПА во Љубљана,

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Филип Деспотовски не можеше да го сокрие воодушевувањето од големата победа над Словенија…

„Уште пред Европското првенство кажав дека два натпревари ќе победиме, само ги промашив. Тврдев дека ќе ги победиме Турција и Финска, а ги победивме Белорусија и Словенија. Може да кажам дека ние сме ненормална екипа, ние сме сите ненормални… Словенците ги добивме во дрскост, во напад, во желба, во одбрана, во пркос… Не верувам дека не потценија затоа што знаат од минатото каква екипа сме, но бевме подобри“ – истакна Деспотовски, сега во очекување на пласман во осминафиналето.

„Сега посакуваме се да се поклопи во останатите резултати па да одиме во осминафиналето во Франција. Го заслужуваме тоа, ќе биде голема неправда ако не одиме во осминафинале“.

Се вчитува...