Деспотовски: Работнички мора да го искористи овој позитивен моментум и за победа против „лавовите“

Работнички е во одлична резултатска серија по промената на стручниот штаб и со две победи и реми веќе се издвои од најопасната зона во битката за опстанок во прволигашкото друштво.

Стефан Деспотовски смета дека треба да се искористи овој позитивен момент и за утрешниот натпревар против Македонија ЃП во 29. коло од ПМФЛ, и „романтичарите“ да дојдат до нови три бода.

„Работнички сака позитивниот моментум да трае што подолго. Се наоѓаме во одлична низа и ќе сториме сѐ да продолжиме во ист стил и на натпреварот против Македонија ЃП. Противникот е во незавидна позиција на табелата, но според квалитетите на тимот секако заслужува многу повеќе. Затоа, нема опуштање, максимално сме фокусирани и посветени и нашата цел се нови три бода. Верувам дека ако ги исполниме задачите на тренерот Горан Станиќ, ќе успееме да ја реализираме целта за нов триумф“ – вели Деспотовски.

Се вчитува...