Деспотовски: Се израдував кога Белорусите се изнервираа, тогаш знаев дека ќе победиме

ЕКИПА во Љубљана,

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Еден од најдобрите поединци во триумфот над Белорусија, Филип Деспотовски потенцира дека оваа победа е само дополнителен мотив на најдобар можен начин да се одигра и последниот натпревар од групата, утре против Словенија.

„Од срце ја посакувавме оваа победа, многу повеќе од противникот. Затоа и бевме така агресивно во третиот сет кој беше клучен. Потоа едноставно Белорусите беа целосно скршени. На почетокот од четвртиот сет едноставно нервозата и ги надвладеа. Кога видоа дека се изнервираа навистина се израдував. Тогаш знаев дека сигурно победувам“ – истакна Деспотовски, притоа дополнувајќи:

„Словенија секако е фаворит пред утрешната пресметка, но оваа победа сигурно ќе ни биде голем мотив да се обидеме да ги изненадиме“.

Се вчитува...