Дестани: Честитки за титулата, сега мора добра подготовка за Европа

Сопственикот на Шкендија, Лазим Дестани се огласи по новата шампионска титула за тетовци честитајќи им на трофејот на фудбалерите и стручниот штаб на тимот, посакувајќи притоа сега да се стави максимален фокус на што поуспешен настап во Европа ова лето.

„Искрено честитам на титулата. Секогаш ги следам вашите настапи и игра и може да искажам задоволство од начинот на кој се стигна до трофејот. Фактот дека титулата е осигурана на четири кола пред крајот на првенството доволно зборува за нивото на кое е Шкендија. Честитам на постигнатиот успех на сите во клубот. Сакам да се продолжи сега со максимална посветеност кон натпреварите до крајот на сезоната, што би било и еден вид добра подготовка за тоа што ве очекува во Европа. Сакам да им заблагодарам и на ‘Балистите’ кои секогаш се со клубот“ – вели во својата честитка Лазим Дестани.

Се вчитува...