Деталите за мечот Вардар – Зенит: Повик за спортско однесување, без тврди предмети, без инциденти на стадион…

Својот прв натпревар од групната фаза во Лигата на Европа, Вардар го игра против рускиот Зенит веќе в четврток од 21:05 часот на арената „Филип Втори“ во Скопје.

На пет дена пред дуелот од канцеларијата на Вардар информираат за сите детали околу мечот, за процедурите за влегување на стадионот, притоа апелирајќи за фер, коректно и спортско однесување…

„Бидејќи се работи за меч од групната фаза од Лигата на Европа, целокупната организација ќе биде на највисоко ниво, согласно строгите барања и пропозиции на УЕФА. Сите ќе мора да ги почитуваат правилата на однесување како надвор, така и на стадионот, пред и за време и по одигрувањето на натпреварите. Вратите за влегување на стадионот ќе бидат отворени во 18:30 часот. Апелираме да дојдете порано на стадион, да го завземете своето место означено на вашиот билет. Да не носите цврсти предмети на стадионот, запалки и други работи кои ќе ви бидат одземени уште пред да влезете на националната Арена „Филип Втори“. Пушењето ќе биде забрането на сите места на стадионот“ – велат од Вардар.

Продажбата на блок билети за сите домашни натпревари од Лигата на Европа е во тек до 10. сепетмври.  Од понеделник почнува продажбата на индивидуални влезници, само за натпреварот со Зенит Санкт Петербург.

Се вчитува...