„Детето“ на Барса не се изнаигра во Челси, сега има нов клуб во Премиер-лигата

Марко Гију како тинејџер ја напушти Барселона по неколку добри партии во дресот на каталонскиот гигант и се пресели во Челси, но шпанскиот голгетер не доби преголема шанса да ги покаже своите квалитети. Тој најчесто играше во Конференциската лига, успеа да постигне и шест погодоци во ова натпреварување, но Гију во потрага по поголема минутажа се реши за нов трансфер летово.

Сандерленд ќе биде новиот клуб на 19-годишниот Шпанец откако „црните мачки“ се договорија со Челси да го доведат Гију во своите редови. Станува збор за договор за едногодишна позајмица, во која сумата што Сандерленд ќе треба да ја плати ќе се намалува сразмерно, колку почесто шпанскиот напаѓач ќе добива шанса во Премиер-лигата.

Причината е јасна – целта на Челси не е да заработи на оваа позајмица, туку младиот фудбалер да го добие неопходното премиерлигашко искуство пред да се врати назад на „Стемфорд бриџ“. Конкуренцијата кај напаѓачите во Челси е огромна и јасно беше дека Гиу ќе нема шанса за докажување ако останеше, а со овој трансфер младиот Шпанецот ќе се обиде да се адаптира на стилот на игра во елитното англиско фудбалско друштво.

Шпански фудбалер Марк Гују (19) прешао је из Челзија у Сандерленд, саопштила су оба енглеска клуба.

Млади нападач је дошао у редове новог премијерлигаша на позајмицу до краја сезоне.

Гују је прошле сезоне одиграо 18 мечева за Челзи, постигао је шест голова, све у Лиги конференције, коју су Плавци на крају и освојили.

Се вчитува...