Детроит ги враќа легендите на клубот

НБА франшизата на Детроит Пистонс заинтересиран е во своите редови да ги врати клупските легенди Чонси Билапс и Тишон Принс. Како што пренесуваат локалните медиуми тие двајца треба да преземат раководни функции во клубот.

Принс веќе има искуство како потпретседател на кошаркарски операции во Мемфис Гризлис, додека Чонси Билапс неколку пати изјави дека еден ден сака да работи како генерален менаџер. Сепак, во моментов тој е заинтересиран само за позицијата заменик генерален менаџер како би можел што подобро да ја научи работата. За потсетување тој во 2017 година одби да седне на клупата Кливледн Кавалирс.

Билапс и Принс беа дел од тимот кој во 2004 година стигна до трофејот во НБА изненадувачки совладувајќи ги ЛА Лејкерс предводени од Шекил О’Нил и Коби Брајант.

Се вчитува...