Децата од „Дајте Музика“ со мотивациско видео за ракометарите

Се е подготвено за премиерниот меч на Македонија на СП 2021, вечерва во 20.30 часот против Шведска, а од сите страни пристигнуваат пораки за мотивација на иззбраниците на Данило Брестовац пред настапот на овој мундијал.

Децата од ТВ-емисијата „Дајте Музика“ снимија мотивациско видео со звуците на „Македонија навива за вас“, со надеж дека ракометарите ќе донесат нови моменти на радост на целокупната македонска јавност.

Им благодариме на дечињата од ,,Дајте музика” и ,,МРТ” за ангажманот, на авторот Александар Митевски за музиката и ,,Вертиго Вижуалс” за одлично сработеното! Денес го играме првиот натпревар од Мундијалот во Каиро против репрезентацијата на Шведска. Навивајте за нас! ЗА МАКЕДОНИЈА!“, беше напишано крај ова видео на официјалната фесјбук-страница на Ракометната Федерација на Македонија.

Се вчитува...