Девет дена го делат Факундо Кампацо од Црвена Звезда?

Факундо Кампацо наскоро би можел да ја засили Црвена Звезда. Белградскиот гигант изрази интерес за анагажман на аргентинскиот плејмејкер, а во медиумите се споменува понуда за двогодишен договор со кој 31-годишникот ќе заработи 4.3 милиони евра.

Од нив 1.8 милиони евра ќе бидат за оваа сезона, а 2.5 милиони евра за сезоната 2023/24, пренесува Арис Баркас од „Еврохупс“. Притоа, за понудата е информиран и Реал Мадрид кој има девет дена да одлучи дали сака да ја изедначи понудата на Црвена Звезда или во спротивно тој ќе го облече „црвено-белиот“ дрес.

Како потсетување, Кампацо замина во НБА лигата токму од Реал Мадрид, а притоа остана и должен на шпанскиот гигант. Откупната клаузула изнесуваше 6 милиони евра кои Аргентинецот сам ги плаќа, а преостанати се уште 2.6 милиони евра.

Во однос на финансискиот интерес во Црвена Звезда, трансфер во тимот од Белград е во полза и за самиот Кампацо со оглед на тоа што доколку се врати во Мадрид таму ќе подлежи на данок како граѓанин на Шпанија кој изнесува високи 45 отсто, за разлика до останатите држави каде е 22 отсто.

Се вчитува...