Девојката на Кендрик Нан доби забрана поради малтретирање на судии

Панатинаикос не само што има луд сопственик, се чини дека и девојките на играчите можат да прават проблеми!

На подобрата половина на Кендрик Нан, Блејн Ки, и е забранет влез во салата во следната година, па сега ќе може да го гледа својот сакан само на телевизија… барем кога станува збор за натпреварите од грчката лига.

Имено, таа имаше испад судијата во претходниот дуел од финалната серија со Олимпијакос во салата ОАКА, влечејќи го за ракав и вербално напаѓајќи го. Клубот беше казнет и со играње два натпревари без присуство на публиката, бидејќи не соработуваше со властите и дозволи да биде исфрлена од салата.

Сето ова се всушност дополнителни санкции за ПАО, кој веќе е казнет со еден натпревар без навивачи, додека шефот Јанакопулос доби едногодишна забрана за влез во салите поради контроверзни изјави.

Се вчитува...