Девојката на Сала обвинува: Падот на авионот не е несреќа… Надлежните тврдат дека авионот не смеел да полета!

Во деновите на тага на целиот фудбалски свет по исчезнувањето на авионот на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, се огласи и неговата поранешна девојка Беренис Шкаир која тврди дека падот на авионот не е несреќа…

„Испитајте малку околу фудбалската мафија затоа што не верувам дека ова беше несреќа“ – порача најпрво кратко преку Твитер Беренис, со која Сала бил во врска неколку месеци до пред извесно време.

Потоа се огласи и преку својот Инстаграм профил објавувајќи заеднички фотографии со Сала.

„Сакам да се разбудам и да видам дека ова не е вистина. Не верувам дека ова беше несреќа и дека ја прекинале потрагата поради лошо време. Не можам да поверувам дека туку така ги прекинуваат пребарувањата. Се чувствувам беспоможно, ова е кошмар… Еми биди јак како и секогаш. Те чекаме“ – пишува Беренис.

Но, стручни лица повикуваат на одговорност и кој дозволил авионот да полета од Франција…

„Не е јасно кој дозволил авионот да полета по едно такво невреме низ најопасниот морски теснец меѓу Франција и Англија. Посебно еден таков мал авион со еден мотор. Тоа е апсолутно неодговорно. И за една таква грешка сега некој ќе плати со живот за тоа“ – велат стручни лица од Англија од областа на авиосообраќајот.

Се вчитува...