Девојката на Шривадханапрабха, поранешна Мис на Тајланд, меѓу загинатите во Лестер

По објавувањето на сите имиња на настраданите во хеликоптерската несреќа во Лестер, во која загина и сопственикот на клубот, Вишаи Шривадханапрабха, англиските медиуми сега веќе објавуваат и за Нурсара Сукнамаи, поранешна Мис на Тајланд а изминативе години повеќе од блиска соработничка на Шривадханапрабха.

Нурсара, која во 2005 година била Мис на Тајланд, најпрво била соработничка на газдата на Лестер, а потоа преминале и во романтична врска. Кобната саботна вечер, заедно0 со тајландскиот милијардер и уште еден негов соработник, како и двајцата пилоти, влегле во хеликоптерот упатувајќи се кон Лондон.

 

View this post on Instagram

 

??✨? #smile #italy #portocervo

A post shared by Nusara Suknamai (@zara_nusara) on

Според фотографиите од местото на несреќата, патниците и пилотите едноставно немале никакви шанси за преживување. Лестер деновиве е во солзи, со неверување сведочи на најголемата трагедија поврзана со клубот.

Се вчитува...