Девојките поразени и од Холандија на ЕП во ракомет на плажа

Македонската женска репрезентација во ракомет на плажа го запиша и вториот пораз на Европското првенство во Назаре, Португалија.

По поразот од Украина, избраничките на Златко Мојсоски загубија со идентични 0-2 во сетови и од селекцијата на Холандија.

Холанѓанките првиот сет го добија со 28-12, а вториот со 25-10, сето тоа за лесна победа.

Утре Македонија во последниот меч во групата ја очекува домаќинот Португалија од 13 часот.

Се вчитува...