ДЕЖА-ВУ: Еурофарм Работник испушти четири гола предност и загуби со еден гол од Татран Прешов

Повторувајќи ја приказната од многу претходни натпревари оваа сезона, ракометарите на Еурофарм Работник загубија со еден гол, 23-24, од словачкиот Татран Прешов во петтиот натпревар од Лигата на шампионите сезонава.

Битолчани го доживеаја и четвртиот пораз во ЛШ, во меч во кој имаа и четири гола предност. Во израмнет прв дел, голманот Никола Митревски беше тој кој го одржуваше во ритам Еурофарм за предност на полувремето од 14-13, и покрај тоа што гостите во два наврати водеа во овој дел од играта.

На почетокот од второто полувреме далеку поагресивна игра на македонските ракометари кои до 45. минута стигнаа до предност од 21-17. Но, потоа следеа очајни минути па Татран Прешов во 53. минута дојде до предност од 21-22.

Во израмнет финиш, на крајот Лапајне пресуди и донесе победа за Татран Прешов за конечни 24:23. Ова е само уште еден натпревар во низата на Еурофарм Работник со пораз од еден гол.

Се вчитува...