„Џабе му се на Новак сите титули, најдобар на сите времиња е Федерер!“

Дебатата околу тоа кој е најдобар тенисер на сите времиња постојано предизвикува внимание во спортската јавност, особено во Србија, каде што будно се следи секоја изјава, особено тие на луѓето кои не се согласуваат дека тоа е нивниот Нобак Ѓоковиќ.

Еден од нив е и поранешниот седми најдобар тенисер на светот, Ришар Гаске, за кого бројот на титули и меѓусебни пресметки не треба да бидат клучни при одредувањето на т.н ГОАТ (најдобар на сите времиња).

„Јас на тенисот гледам малку поразлично, а отсекогаш сум велел дека за мене не е важно кој колку гренслем титули освоил. Ако гледаме тенисери со 21 или со 22, 23 титули, тогаш би требало да се гледа естетиката и сите работи што ги покажува на теренот. Често слушам за таа трка за ГОАТ и за бројот на гренслем-трофеи, но мислам дека тие се бескорисни. Роже Федерер е убедливо најдобар на сите времиња, најголем тенисер засекогаш, погледнете ја само неговата естетика и грациозност на теренот“; изјави Гаске.

Ѓоковиќ, Федерер и Рафаел Надал во моментов имаат по 20 освоени пехари на четирите најголеми турнири. Србинот има можност веќе на почетокот од следниот месец да излезе сам на врвот од листата со евентуален триумф на Отвореното првенство на САД, кое почнува на 30 август во Њујорк.

Се вчитува...