„Џабе“ против Балканци: Публиката го гаѓаше Гвардиол со чаша пиво, овој велемајсторки „ја смири“ (ВИДЕО)

Лајпциг ги задржа шансите за трето место во групата и пласман во Лига Европа откако на гостински терен во Белгија славеше над Клуб Бриж со 0-5. Германците доминираа на теренот од самиот почеток, а победата ја осигураа уште во првите 45. минути кога постигнаа четири гола.

При славје на еден од головите во центарот на вниманието се најде и Јошко Гвардиол кој стана хит на социјалните мрежи. Имено, откако од публиката чаша со пиво летна кон него, хрватскиот репрезентативец не се исплаши, напротив успеа велемајсторски да „ја смири“.

Се вчитува...