Полна сала до последно место, деби на најдобриот македонски играч за 2018 година и гостување на тим што беше нокаутиран во последниот меч од АБА2-лигата. Навидум се беше подготвено за гостиварска „кошаркарска бајка“, но по само една чевртина тоа се претвори во кошмар за тренерот Србиновски и неговите избраници.
Нападот функционираше слабо, одбраната уште покатастрофално, а со такво издание не може да се надевате на триумф над ривал како МЗТ Скопје. „Металците“ делуваа разбудено од лошиот белградски сон во АБА2, максимално фокусирани стигнаа до предност, а потоа искусно ја задржаа истата, претворајќи ја во рутински триумф.
„Пет плус“ за гостиварската публика, но „недоволен еден“ за кошаркарите, кои ќе мораат многу подобро во следниот период ако сакаат да ги оправдаат очекувањата и пораснатите амбциии по најновите засилувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА