Џака и Шаќири со „албански орли“ ги прославуваа головите и победата на Швајцарија (ВИДЕО)

Како што најавија, така и реализираа. Швајцарските репрезентативци кои водат потекло од Косово го искористија натпреварот на Светското првенство 2018 против Србија за да испратат и политички пораки.

Џердан Шаќири, фудбалер кој е роден во Гњилане, Косово, ја донесе победата за Швајцарците. Шаќири на мечот носеше копачки со мотиви од Косово, а откако го постигна победничкиот гол го прослави покажувајќи двоглав орел, националниот симбол на албанското знаме.

На ист начин претходно прослави и Гранит Џака чие потекло е од Куршумлија… Двајцата вечерва во Калининград и пресудија на Србија.

Се вчитува...