Џака: Ќе се радувам како што јас сакам…

Гранит Џака и Џердан Шаќири со два гола во второто полувреме направија целосен пресврт и донесоа победа за Швајцарците (2-1) против селекцијата на Србија. Фудбалерот на Арсенал, Гранит Џака, го прокоментира и начинот на кој се радуваше по постигнатиот гол, асоцирајќи „орел“.

„Ова е израз на емоција. Немам намера никого да навредам, ќе се радувам јас како што сакам, и друг коментар воопшто не е потребен. Одигравме одлично во второто полувреме и покажавме карактер. По првиот дел бевме нервозни, имаше и викотници во соблекувалната. Но, излеговме потоа и победивме. Оваа победа е за сите кои не поддржуваа, за моето семејство, за илјадниците луѓе од Швајцарија, Албанија и Косово кои ми пишуваа“, изјави Гранит Џака по триумфот над Србија.

 

Се вчитува...