„Џамбо“ Милиќ му се враќа на ракометот

Поранешниот голман на Вардар, Страхиња „Џамбо“ Милиќ е подготвен да се врати на ракометот и да потпише договор со Партизан откако конечно успеа да ги спушти килограмите во нормала, проблем поради кој беше отпуштен од Вардар. Милиќ долги години го носеше дресот на „вардарци“, во тој период често варираше со тежината, за во летото 2018 година управата на „црвено-црните“ да реши да ја прекине соработката со него откако Србинот се појавил значително здебелен на стартот од подготовките.

„Бев тврдоглав, немав желба да се доведам во ред. Не прифатив да ослабам и затоа си заминав. Пресудни беа килограмите, најголема тежина ми беше 216 килограми“, истакна неодамна Милиќ.

Оттогаш минаа две години, а Милиќ полека, но сигурно влегува во ритам, по што ја доби и првата понуда – за потпис со екипата на Партизан. Весникот „Спортски Журнал“ обелодени дека „црно-белите“ веќе го контактирале Милиќ, кај голманот има желба да се врати во клубот каде ја почна кариерата и се очекува во скоро време и официјално да биде потпишан договорот за соработка.

Се вчитува...