Џан бесен: Со Сари зборував 60 секунди и ме излажа…

Емре Џан не го крие разочарувањето откако беше избришан од списокот на фудбалери кои ќе настапуваат за Јувентус во Лигата на шампионите. Германскиот интернационалец за главен виновник го посочи тренерот Маурицио Сари, кој го излажал при единствениот разговор што го воделе летово.

„Имам право да бидам бесен и разочаран. Во текот на летово имав интересни понуди, но сите ги одбив бидејќи сакав да останам овде и да победувам со Јувентус. Со Сари зборував само еднаш, тоа траеше 60 секунди и за тој период успеа да ме излаже. Ми кажа дека сум дел од неговите планови, а сега гледаме дека тоа било лага. Сето ова е голем шок за мене, ќе разговарам со клубот и со моите агенти, по што ќе донесам одлука“ – изјави Џан.

Покрај Германецот, избришан од списокот за настап во Лигата на шампионите е и Марио Манџукиќ, кој исто така во јануарскиот преоден рок ќе си замине од таборот на „старата дама“.

Се вчитува...