Џан си оди во јануари, Јувентус ја одреди цената

Емре Џан е подготвен да си замине од Јувентус веќе во јануарскиот преоден рок, откако на германскиот интернационалец му стана јасно дека тренерот Сари не смета сериозно на неговите услуги.

Тој воопшто не беше регистриран меѓу играчите со право за настап во ЛШ, ретко добива шанса и во „Серија А“, а недовербата во неговите квалитети придонесе да дојде и до значителен пад во формата. Челниците на Јувентус се подготвени за продажба, а веќе е одредена и цената за поранешниот фудбалер на Ливерпул.

Џан дојде како слободен играч во Јуве, но „црно-белите“ сега бараат дури 40 милиони евра за да дадат зелено светло за негово заминување од Торино. Се очекува Германецот сепак да ја достигне оваа сума на пазарот, со оглед на фактот дека сериозен интерес за негов ангажман покажуваат Борусија Дортмунд, Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...