Џангаровски ја напушти клупата на „лавовите“

Македонија ЃП е во потрага по нов тренер откако денеска беше прекинатата соработката со Тони Џангаровски, кој не успеа да најде излез од кризата за овој прволигаш.

Денешниот пораз од Воска ја прели чашата, по петтиот неуспех во низа „лавовите“ останаа заковани на дното на табелата, по што беше донесена одлука за прекин на соработката со тренерот.

„Ве известуваме дека денес спогодбено се разделивме со нашиот досегашен тренер Тони Џангаровски, кој ја водеше нашата екипа во изминатите 3 месеци. Оваа сезона, работите не одеа на посакувото ниво, па затоа, по заедничкиот денешен разговор, спогодбено се разделивме со нашиот досегашен тренер. За сето сработено во нашиот клуб, му се заблагодаруваме од се срце на Тони Џангаровски и му посакуваме многу здравје, среќа и успеси во иднина“, се вели во соопштението на Македонија ЃП.

„Лавовите“ во следното коло ќе му гостуваат на шампионот Струга ТЛ.

Се вчитува...