Џани е идол на младите навивачи на Лидс – Алиоски го исполни сонот на девојче фан на клубот (ФОТО)

Езгјан Алиоски со одличните партии и пожртвуваноста што ја дава на секој меч стана најомилен фудбалер на навивачите на Лидс. Тој на последниот натпревар на Лидс сезонава го исполни сонот на младо девојче фан на клубот кое имаше транспарент на кое бараше од македонскиот репрезентативец ако сака да и го поклони дресот.

Нормално по мечот популарниот Џани го направи тоа, а девојчето во тој момент беше најсреќната личност на светот. Алиоски можеби го одигра последниот натпревар за Лидс во кариерата, но сигурно е дека вечно ќе остане во срцата на навивачите на клубот од „Илан роуд“.

 

Се вчитува...