Џани и другарите се вистински хит – Лидс успеа да направи нешто што на ниту еден претходно не му успеало (ФОТО)

Лидс Јунајтед одигра одлична сезона по враќањето во Премиер-лигата. Езгјан Алиоски и неговите соиграчи успеаја да слават на десет гостински натпревари сезонава и со тоа да станат најдобриот новајлија во историјата.

Имено на ниту еден клуб што влегол во Премиер-лигата во првата сезона не му успеало да забележи дури десет победи во шампионатот.

Лидс до крајот ги очекува уште домашниот натпревар со ВБА кој ќе се игра во недела во 17 часот.

 

Се вчитува...