Џастин Гетлин вмешан во нов допинг-скандал

Актуелниот светски првак на 100 метри, Џастин Гетлин, е вмешан во нов допинг-скандал откако неговите најблиски соработници се фатени на дела како нудат супстанци со кои се подобруваат резултатите на атлетските натпреварувања.

Светската Атлетска Федерација најави дека ќе покрене официјална постапка против Американецот по извонредната новинарска сторија на британскиот весник „Телеграф“, чии новинари се претставувале за менаџери на актер кому му се потребни забранети супстанци и успеале да извлечат признание од членови на тимот на Гетлин. Тие откриле на кој начин се добиваат рецепти на лажни имиња во Европа, за потоа супстанците да се шверцуваат во САД. Според „Телеграф“, заинтересираните клиенти требале да платат 250.000 долари за целокупниот проект, во кој посредува доктор од Австрија.

Според британскиот весник, постојат и докази дека Гетлин ги користел истите супстанци, што ќе треба да биде докажано или демантирано низ истрагата на Светската Атлетска Федерација. Американскиот атлетичар веднаш по обелоденувањето на скандалот му врачи отказ на својот тренер, но во секој случај Гетлин останува дел од целокупната истрага.

Се вчитува...